КОШАРКАРИТЕ ВО ТЕСНО, ПОБЕДА И НИШТО ДРУГО

Со сите сили против Естонија

По поразот на гостувањето кај Косово, македонската репрезентација вечерва (20:30 часот) мора да го добие дуелот против Естонија за да остане во игра за пласман во квалификациите за Светското првенство. 

објавено: 5 август 2017 - 16:50

По поразот на гостувањето кај Косово, македонската репрезентација вечерва (20:30 часот) мора да го добие дуелот против Естонија за да остане во игра за пласман во квалификациите за Светското првенство. Во нашиот табор се свесни дека не смее да се повтори Приштина, во спротивно мундијалскиот сон ќе згасне во СЦ „Борис Трајковски“.

Пред најважниот меч во претквалификациите од нашиот табор испратија апел до публиката да дојде во сала и да им даде поддршка.

„Се работи за добра екипа која игра многу агресивно. Имаат силни 11-12 играчи кои играат силно по цел терен, 40 минути и трчаат доста. Имаат силни шутери кои се извлекуваат и шутираат. Ние ги гледавме и скаутиравме овие денови и се надевам дека ќе одговориме успешно. Ќе биде доста тежок натпревар, мораме да играме максимално во одбрана, максимално сконцентрирано во транзиција и да се обидеме да победеме. Ние и немаме друг избор освен победа на овој натпревар. Мора да победиме и тоа е тоа - ќе нарпавиме сè од себе за да победиме. Сигурно после поразот во Приштина малку атмосферата не беше на највисоко ниво, се обидовме овие два дена да ја вратиме. Ќе видиме како ќе биде тоа вечер. Се надевам дека сите играчи ја сфатија сериозноста на ситуацијата и дека немаме друг избор освен вечерва да победиме. Се надевам дека и публиката ќе дојде во поголем број и ќе нè поддржи во тоа“, изјави селекторот, Јорданчо Давитков.

Билетите за дуелот против Естонија се продаваат по цена од 150, за оние кои планираат два дојдат на двата домшни натпревари, блок билетите чинат  200 денари.

Најново во Кошарка