ПОБЕДА ВО МАЛОТО ФИНАЛЕ НА ШАМПИОНАТОТ ВО САРАЕВО

СОНОТ РЕАЛИЗИРАН: Кадетска Македонија влезе во елитната А Дивизија!

Со неверојатно одиграната трета четвртина, макеоднските кадети го скршија отпорот на Чешка (84:66)... Го освоија третото место, последното кое води во елитниот ранг на натпревари во следната натпреварувачка сезона во оваа конкуренција за кошаркари „Под 16" години.

објавено: 18 август 2018 - 20:20

Кадетската селекција на Македонија е третопласирана на ЕП од Дивизијата„ Б" кое вечерва ќе биде затворено во Сараево.
Нашиот национален тим „Под 16" годни стигна до историски резултат. Ја победи Чешка во натпреварот за третото место. Го освои бронзениот медал на шампионатот.

И освен бронзените одличја на градите, доби уште поголема награда, пласмaн во „А" Дивизијата, момент на кој кошаркарска Македонија чека уште од 2006 година, кога тогашната селекција „Под 20" години, предводена од Предраг Самарџиски, Дарко Скклов, Александар Костоски, браќата Стојановски, го освои второто место на првенството во Португалија и избори пасмна во првата лига на младинската европска кошарка.
По 12 години во Сараево, ќе остане запаметено...
Македонија – Чешка 84:66 (23-18; 16-17; 30-14; 15-17)
Не ги направи нервозни нашите млади кошаркари синоќешниот пораз од БиХ со кој ја загубивме шансата да заиграме во големото финале, и да се стекнеме со А лиценца и место во елитната дивизија на европската кадетска кошарка.
Од самиот почеток на дуелот за третото место, Македонија имаше постојана предност, На истекот на порвата четвртина, во коај стручнитоштаб ја извади на терен старата петорка „9со Велипкјовски во неа), изнесуваше солидни пет поени (23:18).
Работите не се променија многу ниту во втората четвртина Чесите упорно се обидуваа да го стигнат тој постојан минус, нашите кадети пак успешно одолеваа на тие напади.
Во 13.минута Чешка дојде на „половина поен " минус (24:25), но ништо повеќе од тоа. Во 19. пак беше (34:32), па (37:35) за Македонија, за полувремето да заврши со поентирање на нашиот најмлад кошаркар во Сараево – Митревски, за (39:35).

А по одморот, потоп за Чешка...
Неверојатна серија од (18-2) отворија нашите млади кошаркари. И за нешто повеќе од пет минути игра од третата четвртина, стигнаа до големи, навистина големи плус 20 поени (57:37).
Буквално, секој напад го реализираа нашите кошаркари, кои имаа и уште поголеми, и се чини уште тогаш недостижни, (69:40) иако до крајот на мечот за третото место останаа уште долги 12-13.минути.
Тој дел од играта го добивме со неверојатни (30-5).

Недостижни за младите чешки кошаркари кои ќе чекаат некоја друга прилика да се преселат во еден ранг погоре, повисоко.... 

Македонските ја чекаа, ја дочекаа, ја заслужија. Догодина, некои други момчиња родени 2003 година, ќе играат во најсилната европска младинска конкуренција - „А“ Дивизијата.

Овие овде кои се појавија, играа, изгинааво Сараево, им оставија голема обврска. Да го задржат ова тешко освоено место во кошаркарска Европа. 

 

Најново во Кошарка