ТОА Е ТОА НЕПРОЦЕНЛИВО ИСКУСТВО

Тасовски: Не е важно кој е прв стрелец, најважно е да победуваме

Одлуката на селекторот на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков да го врати во составот Диме Тасовски се покажа како повеќе од одличен потег. Искуството на крилото и тоа како е добредојдено во националниот тим.  

објавено: 16 јули 2017 - 18:37

Одлуката на селекторот на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков да го врати во составот Диме Тасовски се покажа како повеќе од одличен потег. Искуството на крилото и тоа како е добредојдено во националниот тим. Тасовски заедно со Ѓорѓи Чековски треба да бидат главниот столб во претквалификациите за Светскиот Куп. 

Во триумфот над Бугарија (80-70) постигна 17 поени, но за него индивидуалната статистика нема никакво значење, најважни се победите. 

„Не е важно кој бил прв стрелец, сега бев јас, на следниот меч ќе биде некој друг, најважно е да играме добро и да победуваме“, беше првиот коментар на Тасовски по вчерашниот меч.

Искусниот кошаркар смета дека има напредок во играта, но и натаму главен проблем е скокот.

„Имаме уште простор за напредок. Не сме доволно воиграни, но напорно работиме и се обидуваме да ги користиме слабите страни на противникот. Мислам дека главен проблем ни е скокот, тоа е нешто што мора да го поправиме, бидејќи со собирање на топките под својот кош, полесно ќе ни се отворат контранапади и лесни поени. Очекувам на турнирот да прикажеме уште поквалитетна кошарка", смета Тасовски.

Следен и најважен тест за македонската репрезентација ќе биде „Трофеј Македонија“, кој од 20 до 22 јули ќе се одржи во Скопје. Избраниците на Давитков ќе одиграат три нови контроли против БиХ, Холандија и Португалија. 

Најново во Кошарка