ИСПОЛНЕТ ПРЕДУСЛОВОТ

Теодор е Македонец, доаѓа на 5 јули

објавено: 30 јуни 2017 - 12:01

Џордан Теодор доби македонски пасош, се приклучува на подготовките во Маврово.

Со одлука на владата, сега и официјално Американецот Џордан Теодор доби македонска патна исправа. И со самото тоа се стекна со право за настап за нашиот нациoнален тим во наредниот период.


Добрата вест ја потврди и селекторот на нашиот национален тим, Јорданчо Давитков, кој најави дека овој 27. годишен кошаркар кој до лани настапуваше за турскиот Банвит, на 5. јули треба да допатува во Македонија кога треба да се приклучи на подготовките на националниот тим кои во тоа време ќе се одвиваат во Маврово.
Со тоа се симнува една битна дилема околу „изгледот" на нашата селекција во оној претквалификациски циклус. Но останува уште една, дали Перо Антиќ ќе биде во составот за дуелите со Косово и Естонија кои се на календарот во текот на август.
Во меѓувреме „црвено-жолтите" пак останаа без Марко Симоновски, кој има проблеми со скочниот зголб и ќе мора да паузира во следните дваесетина денови. А Давитков го очекува „појавувањето“ на капитенот Војдан Стојановски и центарот Љубомир Младеновски кои добија поштеда, и право на подоцнежно приклучување во тимот.

Најново во Кошарка