ДАЛЕКУ Е СОНЦЕТО ЗА НАС...

ТОНЕМЕ ЛИ ТОНЕМЕ: Македонија е рангирана на 38 место во светот

На најновата рејтинг листа на ФИБА, Македонија е за четири места подолу во однос на претходното рангирање... Во европската зона сме на позицијата број 21 со освоени 153.8 бодови...  

објавено: 11 октомври 2017 - 19:29

11 октомври кај нас е прогласен како национален празник, а во Светската кошаркарска федерација - ФИБА се води како работен.

Ништо чудно, нели, ако се знае дека немаат допирни точки. Но на денот кога треба(ше) да славиме ФИБА ја објави рејтинг листата на националните федерации, која и баш не ни носи моменти за такво нешто, секако за радост... 

Пред се затоа што Македонија забележа лад на таа комплетна листа која ја „вади“ Светската кошаркарска федерација. И тоа за четири места во однос на последното рангирање. Вели дека со освоени 153.8 бодови сме рангирани на 38. место во светската конкуренција. 

Или ако се земе в предвид онаа зонска поделеност, во европски рамки сме на 21. позиција.

Со еден збор уште еден евидентен показател дека нашата репрезентативна кошарка тоне се подлабоко и подлабоко, и да биде уште полошо, нема најава дека во скоро време нешто ќе биде и променето.  

Како заклучок, дури и треба да бидеме среќни што коашркарска Македонија е таму каде што е, секако ако сз земат во предвид оние последни резултати на сениорскиот (машки) национален тим, кој е на прагот да се пресели и во „Ц“’ дивизијата, секако под услов да биде формирана.

Немаше многу промени кај оние селекции кои се подобри од нашата. Американците се убедливо први со 819.6 бодови, Шпанија е втора со 693.2,а трета е Србија, која по среброто во Истанбул сега има 641.бод, со кој е пред Франција (634,9), и Аргентина која го затвора ТОП 5 со 615.5 бодови во вкупното рангирање. 

Најново во Кошарка