КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СВЕТСКИОТ КУП 2019 ВО КИНА

УШТЕ ЕДНА СЕНЗАЦИЈА: Српските „орли" слетаа во Франкфурт

Колку "идиотски" се овие квалификации за пласман на Светскиот куп во Кина 2019 година, во кои ги нема најдобрите европски играчи, покажа и дуелот Германија-Србија (79:74)...

објавено: 23 февруари 2018 - 21:25

Во состав кој веројатно повеќе нема да истрча како овој, селекцијата на Србија го загуби дуелот од квалификациите за пласман на СК во 2019 година во Кина одигран во Франкфурт.

Германците ги искористија сите слаби моменти во играта на „Ц" тимот на Србија и славеа голем триумф од (79:74).

По што излегоа како лидери во групата „Г" со максимални три победи во исто толку мечеви.
Група во која на пример селекцијата на Грузија стигна до првиот триумф, против Австрија (78:64).
Претходно и селекцијата на Шпанија имаше сериозни проблеми да ја победи Белорусија (84:82), макар и на гостиснки терен.
Изненадување имаше и во дуелот во кој Украина како гостин ја декласира Летонија (82:68), каде е недостасуваат играчите од Евролигата и се разбира Кристапс Порзингис.
Без НБА ѕвездите како Дарио Шариќ, Бојан Богдановиќ, Марио Хезоња, Ивица Зубац, Драган Бендер, Хрватска потклекна и по трет пат, сега и против Романија (56:58) која од клупата ја предводи нашиот Заре Марковски.

 

Најново во Кошарка