ДАЛИ И ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЌЕ ГИ ГЛЕДАМЕ САМО НА ИНТЕРНЕТ

„Виси“ ТВ преносот од мечот: Косово - Македонија

До денеска ниту една телевизија нема обезбедено ТВ пренос за дуелот кој на 2 август ќе се игра во Приштина

објавено: 30 јули 2017 - 20:00

Македонската кошаркарска репрезентација е во завршна фаза од подготовките за претквалификациите за пласман на Светскиот куп. Избраниците на селекторот Јорданчо Давитков, на 2 август ќе гостуваат во Приштина, кај Косово, во првиот меч од групната фаза.

Освен со Косово, во групата со Македонија е и Естонија. Првопласираните две селекции ќе одат во квалификациите.

Интересот во Косово за гостувањето на Македонија е големо и се очекува полна сала. Навивачите во Македонија може да извисат и да не може да го следат овој меч во живо на некоја од нашите телевизии. Според нашите информации, ниту една македонска телевизија досега не договори пренос од средбата во Приштина.  

Доколку тоа се случи, мечот од Приштина, нашите навивачи ќе треба да го следат преку интернет стримовите што секако ние ќе ви ги обезбедиме. 

Најново во Кошарка