ТУРЦИЈА ИМ ГО УРНА СОНОТ

Во Кина нема место за европскиот првак

Словенија на домашен терен беше совладана од Турција со 77-86 и ги загуби сите шанси за пласман на Светското првенство.

објавено: 17 септември 2018 - 22:27

На Светското првенство во Кина нема да го видиме актуелниот европски првак. Без своите главни ѕвезди Лука Дончиќ и Горан Драгиќ, Словенците сепак не успеаја преку квалификациите да се најдат на Мундијалот, на домашен загубија од Турција со 77-86 и тука завршија сите надежи. Словенците се на последното место на табелата во групата И.

Шпанија ја совлада Летонија со 85-82, додека пак Литванија ја победи Холандија со 95:93 по две продолженија и без пораз се пласира на Светското првенство во Кина.

Најново во Кошарка