КАДЕТКИТЕ СЕ ВО ЦРНА ГОРА, ЌЕ ИГРААТ НА ЕП ОД ДИВИЗИЈАТА „Б"

Во Подгорица по некоја победа?

Репрезентацијата во женска кадетска конкуренција е во главниот град на Црна Гора каде во наредните десет дена ќе земе учество на Европското првенство од дивизијата „Б" за кошаркарки „Под16" години.

објавено: 16 август 2018 - 15:30

Пред четириесетина дена, селекторот Стојна Вангеловска го одржа првиот собир со своите избранички кои ги одбра на два селективни тренинзи. Тренираа во Скопје, а по неколку дена поминати во главнио град и извршени медицински прегледи, заминаа на камп во Маврово.

Во рамки на подготвителниот период, одиграа седум пријателски натпревари и запишаа четири победи и три порази.
Славевме против јуниорките на Косово на домашен терен (60-52), а потоа и на гостински терен (57-68). Следеше победнички двомеч против врсничките на Швајцарија (77-43 односно 62-28). На пријателскиот турнир во Скопје загубивме во мечевите со селекциите на Бугарија (54-62), Словенија (58-63) и Израел (52-68).

Шампионатот започнува денеска, а ќе финишира на 25. август. Нашиот национален тим е сместен во групата „А" заедно со домаќинот Црна Гора, Велика Британија, Шведска, Исланд и Грција.
За ова натпреварување, селекторот Вангеловска ги одбра следните 12. кошаркарки:
Стефани Колева, Стефани Костова, Елена Тасевска, Марија Димитријевиќ, Елена Пешиноска, Ана Цветковска, Матеја Николиќ, Илина Селцова, Наталија Секуловска, Габриела Модева, Матеа Атанасовска, Теона Поп Стојанова.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
16.АВГУСТ
18.15: МАКЕДОНИЈА – В. Британија
17. АВГУСТ
18.15: Грција – МАКЕДОНИЈА
18. АВГУСТ
13.45: Шведска – МАКЕДОНИЈА
20. АВГУСТ
20.30 МАКЕДОНИЈА – Црна Гора
21. АВГУСТ
17.15: Исланд - МАКЕДОНИЈА

Најново во Кошарка