ВТОР НАТПРЕВАР ОД 2. ФАЗА ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2021

Во продажба билетите за Македонија-Романија!

Нашите најдобри кошаркари в недела (16. септември) ќе го одиграат вториот натпревар во рамките на втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021.

објавено: 14 септември 2018 - 16:30

На домашен терен ќе ја пречекаме репрезентацијата на Романија. Натпреварот ќе започне во 18 часот и 15 минути, а ќе се одигра во Вип арената при спортскиот центар „Борис Трајковски" - Скопје.

Влезниците за овој натпревар се веќе пуштени во продажба и ќе се продаваат по симболична цена од 100 денари во продажната места на МК ТИКЕТС, како и онлајн на следниот ЛИНК

Билети ќе можат да се купат и на билетарата при СЦ „Борис Трајковски" в недела од 14:00 часот.

Да потсетиме, избраниците на селекторот Јорданчо Давитков во првиот меч од групата во Приштина славеа важна победа над Косово со резултат 73:76.

Најново во Кошарка