КАПИТЕНОТ СЕ СЕЛИ ВО БОГАТАТА ТУРЦИЈА

Војдан Стојановски продолжува во Бујукчекмече

Во изминатите неколку дена го финализираше договорот со турскиот прволигаш.

објавено: 25 јуни 2017 - 11:41

По Шпанија, дојде ред на играње во Турција.

Капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски, својата успешна кариера ќе ја продолжи во Турција, ова откако во изминатите неколку дена го финализираше договорот со турскиот прволигаш Бујукчекмече. 

Како што е познато, Стојановски и неговиот претходен клуб Реал Бетис, не успеаја да обезбедат опстанок во АЦБ лигата по што беше јасно дека клубот од Севиља нема да биде доволно платежно способен за да ги реализира договорите кои ги имаше со странските кошаркари.

Инаку, Бујукчекмечe ланската сезона ја заврши на на 13. место на табелата во силната лига на Турција. Имаа ефект од 9. победи и 21. пораз, но од таму стигнуваат информации за далеку повисоки амбиции за следната сезона, за што говори и реализацијата на договорот со нашиот репрезентативец. 

Интересно е да се напомене дека пред неколку сезони за овој клуб настапуваше уште еден македонскио репрезентативец, Предраг Самарџиски.

Најново во Кошарка