Неочекувано убедливо

Руска армија ја прегази Хрватска во Истанбул (101:78)

Русија е последниот четвртфиналист на Европското првенство во кошарка, а популарните „баќушки“ ја прегазија Хрватска со 101:78 во Истанбул

објавено: 10 септември 2017 - 22:37

Русија е последниот четвртфиналист на Европското првенство во кошарка, а популарните „баќушки" ја прегазија Хрватска со 101:78 во Истанбул.

Предводени од ефикасниот Швед, Русите ги добија сите четири периоди, а најубедливи беа во третата делница што ја добија со 26:15 и тука ставија точка на неизвесноста кој ќе патува во четвртфиналето.

Швед со 27 поени беше најефикасен кај Русите, а се истакнаа и Зубков и Кулагин со по 14 поени. Бојан Богдановиќ постигна 28 поени кај поразенуиот состав, но немаше добри соработници, па Хрватска нема да игра за медали.

Русија ќе игра со Грција за пласман во полуфиналето, а и останатите три двојки се мошне интересни.

Распоред: Германија - Шпанија, Словенија - Летонија, Грција - Русија и Србија - Италија.

Најново во Кошарка