НА ПРВАТА ПРОЗИВКА НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Селекторот Давитков задоцни на тренингот, авионот е виновен

Поради проблеми со доцнењето на авионскиот лет, Јорданчо Давитков задоцни речиси еден час за првата прозивка, но се појави во „Јане Сандански“ и веднаш се фати за работа

објавено: 20 ноември 2017 - 10:00

Македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за претквалификациите за пласман на ЕП 2021 година. На првиот тренинг на националниот тим се случи една интересна ситуација. Во закажаното време се појавија кошаркарите, помошниците на селекторот, но не и селекторот Јорданчо Давотков. 

Стратегот кој работи во странство, утрово непланирано „заглавил“ на аеродромот во Истанбул и затоа доцнеше речиси еден час од првично предвиденото.

„Се извинувам што доцнам, но не е до мене. Авионот доцнеше“, рече Давитков веднаш по појавувањето во салата „Јане Сандански“. 

Давитков не губеше многу време и веднаш се фати за работа. Македонија мора да ги помине овие претквалификации.

 

Најново во Кошарка