ГОЛДЕН СТЕЈТ СТИГНА ДО 33 ПОБЕДА ВО 41 МЕЧ СЕЗОНАВА

Шампионот е пресилен и лесно си гази

„Воините“ стигнаа до петиот триумф во низа, откако со 124:114 го победија Денвер

објавено: 9 јануари 2018 - 08:52

Актуелниот НБА шампион Голден Стејт продолжува да победува во најсилната кошаркарска лига во светот. „Воините“ утрово без поголеми проблми го победија Денвер со 124:114. Дури и кога не му оди шутот како што тој посакува, Стеф Кари е најдобар на теренот. Првата ѕвезда на Голден Стејт постигна 32 поени и беше предводник во петата победа во низа, односно вкупно 33 во 41 меч сезонава. Ова беше седми меч по ред на кој Кари дава барем 29 поени. 

Торонто дури по петминутно продолжение се радуваше на триумф на гости кај Бруклин. ДеМан ДеРозaн беше вистински лидер на Торонто. Тој постигна 35 поени, вклучувајќи го кошот со фаул и дополнително слободно фрлање, за победа од 114:113. 

Резултати: Индијана - Милвоки 109:96, Бруклин - Торонто 113:114, Чикаго - Хјустон 107:116, Минесота - Кливленд 127:99, Њу Орлеанс - Детроит 112:109, Сакраменто - Сан Антонио 100:107, Голден Стејт - Денвер 124:114, Лос Анџелес клиперс - Атланта 108:107.

 

Најново во Кошарка