Да не е домашното првенство МЗТ нема да знае што е победа

Шампионот не дозволи кикс против Куманово

„Штрковите“ на домашен терен се радуваа на триумф и се зацврстија на третото место на табелата

објавено: 9 февруари 2018 - 19:46

МЗТ Скопје Аеродром го победи Куманово со 87:74, во мечот кој е дерби на 16. коло од Првата кошаркарска лига. Овој дуел беше борба за третото место на табелата, а актуелниот првак не дозволи кикс и стигна до 12 победа. 

Првата четвртина беше израмнета и неизвесна, но затоа МЗТ во вторите 10 минути заигра подобро, па на полувремето стигна и до двоцифрена предност, 51:41. И третатат четвртина беше во знакот на домаќините, па откако во последните 10 минути, домаќините влегоа со позитива од 18 поени предност, јасно беше кој тим ќе се радува на крајот. 

Новото засилување кај МЗТ, плејмејкерот Крафорд беше незадржлив за кумановци. Американецот на крајот заврши со 21 поени и 9 асистенции. Со двоцифрен број на поени во победничкиот тим беа и Трајковски со 16 поени, Стојановски со 15 и Спасојевиќ со 12. 

Кај гостите најефикасен беше Стајиќ со 18 поени, а по 15 постигнаа Мекиќ и Ковач, но тоа се покажа како недоволно за да се направи изненадување во малата сала во „Јане Сандански“. 

Најново во Кошарка