НАТПРЕВАРИ ОД ПРВОТО КОЛО ВО ВТОРАТА ФАЗА ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ

Швед трагичар, Германија на +43, Бугарија ја шокираше Франција!

Кошаркарската репрезентација на Германија ја совлада Естонија на гости со 43:86 во првиот натпревар од втората фаза во квалификациите за Светското првенство во Кина 2019. година.

објавено: 13 септември 2018 - 22:56

Германците беа предводени од Денис Шрудер со 18 поени, 10 асистенции и шест скокови, а за Естонија доминираше Велдеман со 14.

Русија беше непријатно изненадена на гостувањето кај Чешка (80:78). Во една возбудлива завршница Саторански на шест секунди до крајот на мечот им донесе два поени предност за чешките кошаркари, а потоа Швед од навистина добра позиција не реализираше тројка.

Најголемото изненадување го приреди селекцијата на Бугарија која пред своите гледачи со 74:68 славеше голема победа над Франција.

Батум за „триколорите" постигна 17 поени, по 13 го следеа Џексон и Лакомб, а слаба партија имаше Де Коло со „само" осум поени.

За Бугарите доминираше Ди Бост со 17 поени, еден кош помалку забележа Димитров, а 13 запиша Павел Маринов.

Квалификации за СП 2019 Кина

(втора фаза, резултати):

Група К

Бугарија-Франција 74:68
Чешка-Русија 80:78
Финска-Босна и Херцеговина 85:81

Табела: Франција 13 бодови, Чешка 13, Финска 11, Русија 10, Бугарија 10, Босна и Херцеговина 9.

Група Л

Естонија-Германија 43:86
Израел-Грузија 80:85
Грција-Србија 70:63

Табела: Германија 14 бодови, Грција 14, Србија 11, Грузија 10, Израел 10, Естонија 9.

Најново во Кошарка