НАВИВАЧИТЕ НА РАБОТНИЧКИ НАПРАВИЈА ИНЦИДЕНТ

„Сити Парк Бојс“ предизвика прекин во Кавадарци

На 3:19 минути до крајот на првата четвртина, на делот каде што се сместени симпатизерите на Работнички, мораше да интервенира полицијата

објавено: 18 февруари 2018 - 19:23

Речиси стандарден декор кога играат МЗТ Скопје и Работнички, се и инцидентите, без разлика кај се игра мечот. Така е и овојпат во Кавадарци. Иако на неутрален терен, во салата „Јасмин“ двете екипи имаат поддршка од своите симпатизери.

Тие на Работнички, популарните „Сити Парк Бојс“ се креатори на првиот инцидент. На 3:19 до крајот на првата четвртина, при водство на МЗТ Скопје од 12:9 дојде до прекин, по кој мораше да интервенира и полицијата.

За среќа нервите брзо се смирија и немаше посериозен инцидент, а по неколку минути пауза, продолжи финалето од Купот на Македонија.

 

Најново во Кошарка