МАКЕДОНИЈА ЗА ПРВПАТ ДОМАЌИН НА „3Х3 BASKETBALL“ ТУРНИР

Скопје ги собира „баскетџиите“ од Балканот

Македонското „3x3 Basketball" здружение, на 15 и на 16 септември, на платото пред скопската фонтана во „Градски Парк", ќе го организира првиот „3x3 Basketball" турнир во нашата земја, официјално признат од FIBA кој што е дел од календарот на светската куќа на кошарката.

објавено: 30 август 2017 - 13:40

Македонското „3x3 Basketball“ здружение, на 15 и на 16 септември, на платото пред скопската фонтана во „Градски Парк“, ќе го организира првиот „3x3 Basketball“ турнир во нашата земја, официјално признат од FIBA кој што е дел од календарот на светската куќа на кошарката.

На турнирот ќе учествуваат македонски екипи и екипи од земјите во регионот (Србија, Црна Гора, БиХ и другите). Турнирот ќе биде организиран заедно со Агенцијата за млади и спорт, со поддршка од Македонската Кошаркарска Федерација. Од неодамна, овој спорт доби свое место во олимпискиот календар, како официјална олимписка дисциплина што ќе биде промовирана на Летните Олимписки Игри во Токио, 2020 година.

Позитивен став кон оваа идеја за организирање на првиот официјален „3x3 Basketball“ турнир на територијата на нашата земја, искажа и Македонскиот олимписки комитет, а несебична помош при организацијата ќе пружат претставниците на „3x3 Montenegro“, кои што се официјални организатори на „3x3“ турнирите во Црна Гора.

Најново во Кошарка