Интересна фотографија за почетокот на подемот на шампионите

Словенскиот Феникс полета кон златото пред една деценија (Фото)

Една од клучните работи за словенското кошаркарско чудо е познанството и соработката на Игор Кокошков и Горан Драгич, од пред речиси една деценија во еден од НБА клубовите

објавено: 18 септември 2017 - 09:15

Една од клучните работи за словенското кошаркарско чудо е познанството и соработката на Игор Кокошков и Горан Драгич, од пред речиси една деценија во еден од НБА клубовите.

Во 2008 година во Феникс санс пристигнаа двајца кошаркарски фанатици од просторите од поранешна Југославија.

За репрезентативецот на Словенија, Горан Драгич тоа беше почеток во НБА лигата во дресот на популарните сонца од Феникс, а во истиот клуб како асистент тренер пристигна и Србинот Игор Кокошков. Сега актуелен селектор на Словенија, со победнички рецепт од клупата за импресивен поход до златниот медал. Без ниту еден пораз на турнирот, со девет импресивни настапи на Словенците предводени од најкорисниот кошаркар на турнирот Горан Драгич. И како златна врска за да се приреди чудо, кое тргна како заедничката соработка во Феникс на двајцата големи пријатели.

Најново во Кошарка