ВИСОКИОТ СРБИН СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА

„Соколите" би летале со Лабовиќ и со Луковиќ?

По откажувањето од Бојан Трајковски, македонскиот вицешампион има намера да формира нова центарска линија во која освен Лабовиќ, би бил и неговиот српски сонародник Урош Луковиќ.

објавено: 22 јуни 2017 - 16:30

Лесно може да се случи и Урош Луковиќ уште еднаш да  се врати во Македонија и да заигра за некој клуб од нашата Прва лига.

Поточно во клуб со европски амбиции, каков што на пример веже извесно време е Карпош Соколи.
По играњето во АБА лигата, каде оставија сосема солиден впечаток, но поради намалувањето на бројот на клубовите, не добија можност да продолжат понатаму, ова лето „соколите" најавија европски поход. Односно испратија пријава за настап во некое од натпреварувањата кое ги организира ФИБА, односно Лигата на Шампионите, евентуално ФИБА Еврокупот.
Затоа обновија дел од договорите со условно кажано, старите играчи, како на пример со Дарко Соколов и Драган Лабовиќ, а последните информации се дека нивна цел ова лето е да се пронајде уште еден висок центар.


Првиот избор паднал на Урош Луковиќ, добро познат кошаркар на овие македонски простори, особено ако се земе в предвид дека 213 сантиметри високиот веже настапуваше за Куманово, Кожув, и МЗТ Скопје.
Засега сето тоа се сведува на некои иницијални разговори, кои се очекува да бидат подигнати на некое повисоко, и пред се официјално ниво.
Пречка во реализација на договор би можело да биде тоа што 28. годишниот Луковиќ има уште една година од договорните обврски спрема белградски Партизан.

Но не баш сјајната ситуација во која ова лето „влезе" српскиот и европски гигант (го напуштија претседателот и првиот тренер), ги зголемува до таа мерка што раководството на Карпош Соколи, со евентуално добра понуда, да го привлече сјајниот скокач и блокер во своето „јато", и да формира респектабилна центарска линија во која Лабовиќ и Луковиќ би доминирале во нашиот шампионат.
Но, во исто време би имале и што да кажат и на европска сцена.

 

Најново во Кошарка