ЛОШИ ВЕСТИ ПРЕД КЛУЧНИОТ МЕЧ

Тасовски се повреди, нема да игра против Естонија

Еден од најискусните заработи повреда на потколеницата и ќе мора да мирува

објавено: 13 август 2017 - 08:00

Македонија конечно се израдува на првата победа во претквалификациите за пласман на СП, но лоша вест е повредата на Димче Тасовски. Најискусниот во репрезентативниот дрес заработи повреда на потколеницата, во последната четвртина против Косово. 

Тасовски го напушти теренот со врзана нога со мраз. Според првичните информации, се работи за повреда од посериозен карактер и тој ќе мора да го пропушти последниот, решавачки меч на Македонија на гостувањето во Талин против Естонија.

Најново во Кошарка