Неизвесна иднината на тренерот на мзт скопје аеродром

Тодоров може да не го дочека мечот против Морнар

„Ја превземам одговорноста бидејќи со ваков пристап со ваква игра не се може. Не можам сам да решам, но имавме повеќе кредити и ги потрошивме. Утре ќе зборуваме околу тоа дали ќе го водам тимот против Морнар", рече тренерот на МЗТ веднаш по поразот од Работнички (71:76).

објавено: 6 декември 2017 - 19:55

" Изгубивме меч кој речиси 35 минути го имавме под контрола. На крај тоа што требаше да биде нашето најдобро оружје затаи. Ја загубивме борбата под кошевите каде имавме 15 скока помалку. Едноставно со овој меч и пласманот се одреди по првите 22 кола.

Иако има уште да се игра, во оваа лига, три победи се многу. Ако се надевавме дека со новите играчи ќе ја подигнеме играта, немаше ништо.

Ја превземам одговорноста бидејќи со ваков пристап со ваква игра не се може. Не можам сам да решам, но имавме повеќе кредити и ги потрошивме. Утре ќе зборуваме околу тоа дали ќе го водам тимот против Морнар", рече тренерот на МЗТ веднаш по поразот од Работнички.

Најново во Кошарка