ЛИЦИТАЦИЈА ВО МКФ

Турци ќе го организираат Купот на Македонија

Турската фирма „Лимак Холдинг“ ја доби организацијата на кошаркарскиот куп

објавено: 18 јануари 2017 - 15:18

Како единствен учесник во лицитацијата, турската фирма „Лимак Холдинг“ ја доби довербата да ја организира завршницата на кошаркарскиот Куп на Македонија. Лицитацијата се оддржа во просториите на МКФ, а претседателот Петар Наумоски изрази задоволство што токму оваа фирма ќе биде организатор. 

Купот на Македонија ќе се игра од 17 до 19 февруари, а дополнително треба да биде одредено која сала ќе биде домаќин. МЗТ Скопје Аеродром е актуелен бранител на трофејот.

Најново во Кошарка