ЕДНА ИЗЈАВА ОБЈАСНУВА СЕ ЗА ТОА ДО КАЈ НИ Е ЖЕНСКАТА КОШАРКА

Успех ќе биде ако го натераме противникот да побара тајм-аут

Во пресрет на полуфиналните дуели од Купот на Македонија, тренерот на ЖКК Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ е повеќе од реален

објавено: 12 февруари 2018 - 14:31

Сите учесници на завршницата на кошаркарскиот куп во машка и женска конкуренција ги дадоа своите мислења во пресрет на мечевите. Од сите кои ги истакнаа своите очекувања, најинтересната изјава ја даде тренерот на ЖКК Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ. Стружанки играат полуфинале против силниот Бадел 1862.

„Ние сме млади и како клуб и како состав, половина се јуниорки, половина кадетки, и голема чест ни е што ќе учествуваме на завршницата, првпат под името Струга 2009. Ние веќе сме победници, ќе собереме големо искуство. Не гаиме лажни амбиции против Бадел, но ако ги натераме да земат тајм-аут, ние ќе бидеме задоволни" - рече Ѓоровиќ.

Купот во машка конкуренција се игра од петок до недела, додека жените кои играа директно полуфинале, ќе се натпреваруваат во сабота и недела. Завршницата е во Кавадарци, а билетите кои ќе бидат пуштени во продажба утре, по цена од по 50 денари.

Најново во Кошарка