ДРАГАН ЗЕКОВИЌ НЕ МОЖЕШЕ ДА ИГРА ВО РОМАНСКИОТ ПЛЕЈОФ

Влошено здравјето на поранешниот играч на Карпош соколи

Србинот претрпе напад на паника, па лекарскиот тим му препорача да не игра

објавено: 23 мај 2018 - 12:15

На полувремето од натпреварот помеѓу Клуж и Стеауа, српскиот крилен центар Драган Зековиќ, кој е член на клубот од Букурешт, добил напад на паника, па не влегол во игра во вториот дел, а најверојатно нема да настапи ниту в петок на следниот меч од оваа плејоф серија. Зековиќ во минатата сезона беше еден од подобрите играчи на Карпош соколи. 

Зековиќ веднаш добил медицински третман и остана во соблекувалната. Потоа се чувствувал подобро, но не можел да игра. 

Инаку, паничен напад е ненадеен почеток на интензивен страв или непријатност кој достигнува врв во рок од неколку минути и вклучува најмалку четири од следните симптоми: палпитации, удар на срце или забрзана срцева фрекфенција, потење, треперење или тресење, отежнато дишење или задушување.

Зековиќ сезонава има просек од 15,7 поени и 5,2 скока по натпревар, и важи за еден од клучните играчи на Стеауа. Тој во минатото поради болест има направено тригодишна пауза од активното играње, бидејќи имаше канцер на тестисите. 

Најново во Кошарка