ЗАБОРАВИЈА ДЕКА НЕ ГО КРЕНАА ТРОФЕЈОТ НАМЕНЕТ ЗА НАЈДОБРИОТ

Во МЗТ уште сонуваат дека се шампиони (Фото)

На официјалниот сајт на МЗТ Скопје, аеродромци уште мислат дека се шампиони 

објавено: 25 јуни 2018 - 12:53

МЗТ Скопје Аеродром на својот сајт потврди дека Ѓорѓи Кочов ќе остане на клупата и во следните две сезони. Младиот стратег минатата сезона седна на клупата на тимот од „Јане Сандански“, а МЗТ не успеа да ја продолжи доминацијата и по шест години, го загуби приматот кошаркарски шампион. 

Сепак, во МЗТ Скопје очигледно некој уште сонува дека „штрковите“ се прваци на Македонија, бидејќи во текстот каде се потврдува дека Кочов останува тренер на тимот, се фалат дека Ѓорѓи „се обврза да седи на клупата на ШАМПИОНОТ најмалку во следните две сезони“. 

За жал на сите во МЗТ Скопје Аеродром, очигледно дека треба да ги потсетиме дека клубот во неодамна завршената сезона го освои Купот на Македонија, но битката за титулата ја загуби и тоа убедливо, откако во финалето со 3:0 загуби од вечниот ривал Работнички. 

Најново во Кошарка