ЗАПОЧНА НОВА МИСИЈА

Пеце го воведува „П7“, новиот моден бренд во Турција

Наумоски синоќа ја промовираше маичката од брендот „П7“, кој ќе биде за облека 

објавено: 10 февруари 2017 - 12:00

Петар Наумоски синоќа повторно беше во салата „Абди Ипекчи“ каде како играч помина неколку одлични сезони. Овојпат Пеце не беше во препознатливиот дрес со бројот 7, кој го носеше во текот на неговиот престој во Анадолу Ефес, бидејќи токму дресот со таа бројка, беше повлечен во историјата и закачен на врвот од салата во Истанбул.

Со заминувањето на легендарната „седмица“ од Ефес, Пеце промовираше нешто ново. На синоќешната свеченост тој беше облечен во бела маичка со знакот „П7“. Самиот Наумоски објасни што е тоа.

„Не случајно сум во оваа маичка дојден. Тоа е маичка со знакот „П7“, а тоа е новиот моден бренд кој го промовираме во Турција. Ќе биде бренд за кежуал гардероба. Ќе има маички, панталони, кошули...“, ни откри Наумоски.

Пеце со ова покажа дека не мирува во Турција. На најдобар можен начин стави точка на кошаркарската кариера во оваа земја, а истовремено ја промовираше и новата „мисија“.

Најново во [Спортмедиа]