Кирил Лазаров дебитираше за Нант

За почеток - „петка“!

На првите две „контроли“ македонскиот капитен реализираше по пет гола за својот нов клуб

објавено: 13 август 2017 - 12:00

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, од оваа сезона има нов предизвик и ќе игра за францускиот Нант.

Тој веќе дебитираше за новиот клуб на „Шпаркасе Купот" и денеска за титулата ќе се борат со екипата на Веспрем, каде игра уште еден Македонец, Дејан Манасков.

Францускиот тим стигна до две победи против Штутгарт и Фуксе Берлин, и тоа убедливи и потврди дека е во одлична форма. Најпрво Нант славеше против Штутгарт со 29:23, а Лазаров даде 5 голови, додека потоа беше остварена победа и против силниот Фуксе Берлин со 34:28, а македонскиот капитен постигна исто така 5 голови.

 

Најново во Ракомет