му нема никој рамен

ЗА ПРВ ПАТ: Работнички ПЕРФЕКТНО го заврши првиот дел од сезоната

Никогаш досега не се случило еден тим да има 22 победи во 22 меча во сезоната

објавено: 28 март 2018 - 17:56

Најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија, Работнички, испиша уште една историја. Стана првиот тим кој успеа во регуларниот дел од сезоната да заврши со сите победи. По 22 одиграни меча, момците од „Градски парк“ се радуваа на 22 победи. 

Последна во низа беше победата над Струмица на гости. Фаворизираниот гостин славеше со убедливи 103:77, во дуелот на првопласираниот и последнопласираниот тим на табелата. Домаќините успеаа само во првите 10 минути да бидат рамноправни, кога Работнички водеше само со 25:23. 

Сепак, во продолжение од средбата, Работнички заигра многу подобро и веќе на полувремето водеше со 19 разлика (55:36) и сите дилеми беа решени. Николовски со 24 поени и 11 скока беше најзабележителен кај победничкиот тим, додека Тајус даде 31 поени за Струмица, која завршува со само две победи и дури 20 порази. 

Најново во Кошарка