РЕАКЦИЈА ОД МКФ ЗА ПРЕКИНАТОТО ДЕРБИ

Жално е кога толеранцијата се смета за слабост и се злоупотребува

Натпреварот помеѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром беше прекинат кон крајот на третиот период поради неспортското навивање на двете навивачки групи.

објавено: 17 март 2018 - 21:36

Натпреварот помеѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром беше прекинат кон крајот на третиот период поради неспортското навивање на двете навивачки групи.

Атмосферата стана непријателска поради што официјалните лица на натпреварот, делегатот и комесарот за натпреварување по фрлените предмети на теренот, плукањето и влетувањето на теренот од страна на навивачите одлучија да го прекинат натпреварот и да го презакажат за утре (недела, 18. март) со почеток во 18:00 часот, но пред празни трибини.

„Жалиме што однесувањето на поединци влиjaе на целокупната атмосфера и на љубовта кон кошарката што ја имаа поголемиот дел од посетителите што дојдоа в сала ова саботно попладне. Ќе бараме посебна одговорност од домаќинот и организатор на овој натпревар за недоволниот број редари и за организациските пропусти, но и сите заедно ќе мора поактивно во иднина да работиме на отстранувањето на хулиганството и на неспортското навивање од спортските терени. Безбедноста на сите инволвирани страни (играчи, судии, публика, полиција) е на приоритетно ниво и жално е кога толеранцијата се смета за слабост и се злоупотребува. Салата ќе биде на ревизија и дополнително ќе донесеме одлука дали ќе се продолжи да се игра кошарка во „Градски парк". - истакна спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски по последниот прекин.

Најново во Кошарка