ВО МЕЧЕВИТЕ ОД 2. ФАЗА ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕУРОБАСКЕТ

„Златни“ продолженија за Австрија и Данска, се мачеа Белгијците!

Освен дуелот помеѓу Косово и Македонија во рамките од групата Б, започнаа натпреварите од втората фаза во претквалификациите за Евробаскет 2021 и во останатите три групи.

објавено: 13 септември 2018 - 23:54

Данска приреди мало изненадување која по две одиграни продолженија ја шокираше Белорусија пред нејзините навивачи славејќи во групата А со конечен резултат 94:98.

За Данците Шевон Шилдс малку недостасуваше да оствари дабл-дабл учинок (26 поени, девет скокови, шест асистенции), а на спротивната страна Кирил Ситник постигна 16 поени.

Потоа, во групата Ц Белгија нешто потешко од очекувањата на домашен терен, минимално триумфираше над селекцијата на Португалија.

Во победничките редови по 11 поени имаа Џонатан Табу, Квентин Серон и Пјер-Антоан Жил, додека кај поразените Жоао Гомеш постигна 20 кошеви, следен од Жоао Соареш (18).

Претквалификации за ЕП 2021

(втора фаза, резултати):

Група А

Белорусија-Данска 94:98 (по 2. продолженија)

Табела:

1. Данска 2 бодови (98:94)
2. Белорусија 1 (94:98)
3. Шведска 0 (0:0)

Група Б

Косово-Македонија 73:76

Табела:

1. Македонија 2 бодови (76:73)
2. Косово 1 (73:76)
3. Романија 0 (0:0)

Група Ц

Белгија-Португалија 66:65

Табела:

1. Белгија 2 бодови (66:65)
2. Португалија 1 (65:66)
3. Исланд 0 (0:0)

Група Д

Австрија-Кипар 72:69 (по 1. продолжение)

Табела:

1. Австрија 2 бодови (72:69)
2. Кипар 1 (69:72)
3. Велика Британија 0 (0:0)

Најново во Кошарка