Ја раскинаа соработката

Зоран Драгиќ го напушти Армани Милано, на пат за Истанбул?

Зоран Драгиќ и Армани Милано ја прекинаа соработката, а помладиот брат на НБА ѕвездата Горан Драгиќ веројатно ќе потпише договор со Ефес

објавено: 20 ноември 2017 - 22:30

Зоран Драгиќ и Армани Милано ја прекинаа соработката, а помладиот брат на НБА ѕвездата Горан Драгиќ веројатно ќе потпише договор со Ефес.

Зоран немаше многу среќа со настапите во Милано и во февруари годинава ги скина предните вкрсетни лигаменти и долго паузираше. Потоа се врати, но добиваше мала минутажа кај тренерот Симоне Пјаниџани.

Сега е блиску до договор со трускиот Ефес, што ќе биде нова авантура за 28-годишниот кошаркар по настапите во Армани, Химки, Мајами и Феникс во НБА лигата и Крка и Слован.

Најново во Кошарка