бизнис си е бизнис

Агентот бара провизија од 4 милиони евра, за трансфер вреден три милиони евра

Дури и вака на клубовите ќе им се исплати да го реализираат трансферот

објавено: 19 мај 2018 - 14:30

Еден од поефтините играчи кои имаат огромно искуство во Премиерлигата, летово ќе биде Џони Еванс. Стоперот кој има шампионско искуство во дресот на Манчестер Јунајтед со тимот на Вест Бромвич Албион не успеа да обезбеди опстанок и неговата цена дури за 10 пати се намали. 

Со испаѓањето на ВБА во Чемпионшип, цената на трансферот на Еванс падна на само три милиони евра. Лестер е заинтересиран да го купи дефанзивецот. Интересно е тоа што агентот Колин Мардок, кој е застапник на стоперот, побара провизија од 4 милиони евра за трансферот на Еванс.

Иако провизијата е поголема од самиот евентуален трансфер, многу клубови ќе се согласат на тоа, бидејќи на тој начин за сума од седум милиони евра ќе добијат квалитетен играч како Еванс. Досега никогаш не се случило провизијата да биде поголема од самиот трансфер, па играчот од Северна Ирска има шанси да стане првиот таков случај. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал