НА ПОВИДОК НОВА ТРАНСФЕР БОМБА

Агентот на Роналдо е во Париз, ПСЖ го чека Португалецот

Францускиот првак во последниве две-три сезони е главен на трансфер пазарот

објавено: 30 мај 2018 - 08:30

Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е на чекор од преселба во тимот на Пари Сен Жермен. Ова го тврди португалското издание на „Сапо“. 

Според најавите, агентот на Роналдо, Жорге Мендеш синоќа пристигнал во Париз за да го договори трансферот на Португалецот. Се почести се шпекулациите дека Роналдо летово ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“. 

Кристијано уште по освојувањето на титулата европски првак во Киев, најави дека му било чест што бил дел од Реал Мадрид. Јасно е дека Роналдо сака поголема плата во Реал, но тешко дека мадриѓани ќе се сложат да му платат колку што би добил во дресот на ПСЖ. 

Францускиот првак само во ланскиот летен преоден рок направи две трансфер бомби, откако постави два светски рекорди. Најпрво за 222 милиони евра го купи Нејмар од Барселона, а потоа плати и 180 милиони евра на Монако, за младиот напаѓач Мбапе. 

Роналдо најави дека на 4 јуни и официјално ќе објави каде ќе настапува следната сезона. 

Најново во Меѓународен Фудбал