ИТАЛИЈАНСКИОТ ТРЕНЕР Е ПОД ПРИТИСОК

Ако Челзи вечер не победи, Конте добива отказ

Рускиот газда Роман Абрамович не дава многу шанси 

објавено: 5 февруари 2018 - 13:30

Челзи ќе го избрка Антонио Конте, доколку лондонскиот тим вечерва загуби на гостувањето кај Вотфорд, во дуел од Премиерлигата. Италијанскиот стратег е под голем притисок, посебно по поразот од Борнмут со 0:3 на „Стемфорд Бриџ“ во минатото коло. Актуелниот италијански првак нема шанси да го одбрани тронот од минатата сезона, бидејќи веќе заостанува 19 бодови зад лидерот Манчестер Сити.  

Газдата на Челзи, Роман Абрамович воопшто нема толеранција за слабите резултати и иако Конте е тренерот кој минатата сезона го донесе трофејот во клупските витрини, сега се размислува за негово заминување. Дури се шпекулира и со можните наследници. Како опции се споменуваат Маурицио Сари, Луис Енрике и Диего Симеоне. 

Останува да се види како вечер Челзи ќе одигра против Вотфорд и дали кикс ќе значи збогум за конте од лондонскиот тим. 

Најново во Меѓународен Фудбал