ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ КАЖА КОЈ Е НАЈДОБАР СПОРЕД НЕГО

Ако ја добијам „Златната топка“, веднаш ќе му ја дадам на Меси

Шведскиот напаѓач е оригинален како и секогаш

објавено: 22 декември 2016 - 19:50

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ покажа колку го цели некогашниот соиграч од тимот на Барселона, Лионел Меси.Шведскиот голгетер само една сезона помина на „Камп Ноу“, но и тоа беше доволно за лично да се увери за квалитетите на Аргентинецот. 

Ибрахимовиќ играше за Барселона во сезоната 2009/10 и тогаш Меси беше прогласен за најдобар фудбалер во светот и ја доби „Златната топка“. Досега Златан никогаш не ја освоил оваа престижна награда. 

„Ако некогаш ми ја дадат „Златната топка“, уште следниот ден ќе му ја врачам на Лионел Меси. Лео е вистинскиот виртуоз, а Роналдо е продукт на постојан тренинг“, рече Ибрахимовиќ.

Меси е рекордер со пет „Златни топки“, но Роналдо е играчот кој ја доби наградата за најдобар фудбалер во светот за 2016 година.

Најново во Меѓународен Фудбал