провокација за црвена звезда

Ако мечот се решава на трибини, 100 посто победуваме

Првиот човек ан ЦСКА Москва верува дека руските навивачи се многу подобри од тие на белградскиот тим

објавено: 5 јануари 2018 - 14:30

Иако има речиси уште еден и пол месец со мечот меѓу Црвена Звезда и ЦСКА Москва, во рамките од нокаут фазата во Лигата на Европа, српскиот тим објави дека билети за дуелот во Белград веќе нема. продадени се сите карти и стадионот „Рајко Митиќ“ ќе биде исполнет до последно место. Ова и не е воопшто чудно, ако се знае дека токму Црвена Звезда е тимот кој имаше најмногу публика на мечевите на кои беше домаќин, од сите екипи во групната фаза во Лигата на Европа. 

И покрај тоа што навивачите на Црвена Звезда предводени од популарните „Делии“ секогаш прават одлична атмосфера и се дополнителен мотив за играчите на теренот, претседателот на ЦСКА Москва, Јевгениј Гинер, упати провокација кон фановите на Звезда, кои се збратимени со оние на Спартак од Москва. 

Фановите на Звезда и тие на Спартак планираат да дадат поддршка за српскиот тим и на дуелот кој ќе се игра во Москва.

„Свесен сум за братските односни меѓу навивачите на Звезда и Спартак. Сеедно ми е за кого ќе навиваат навивачите на Спартак на тој меч. Ако мечот се решава на трибината, сигурно ќе победиме. Сите навивачи може да одат на благајна и да си купат билет. Доколку тие на Спартак решат да навиваат против ЦСКА, нема да може да бираат каде ќе седат, бидејќи ако бидат на иста трибина, може да дојде до масовка тепачка“, објаснува претседателот на ЦСКА, Гинер. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал