ШТО ЗНАЧИ ВОВЕДУВАЊЕ НА видео ТЕХНОЛОГИЈАТА НА МУНДИЈАЛОТ

Ако не постоеше ВАР системот, осминафиналињата ќе беа сосема поинакви

Неколку мечеви имаше на кои ВАР системот директно решаваше за конечниот распоред на табелата

објавено: 29 јуни 2018 - 14:00

Воведувањето на видео технологијата на Светското првенство во Русија претставува вистински новитет кој многу често може да има драстично влијание на играта и на конечниот резултат. По одиграните 48 средби во групната фаза, познати се сите 16 осминафиналисти. 

Интересно е тоа дека доколку не постоеше или не се користеше ВАР системот, распоредот во дел до групите ќе беше поинаков, а со тоа и двојките за осминафиналните средби немаше да бидат тие што се сега. 

Промени ќе имаше во БЦ и Ф групите каде тие што поминаа понатаму ќе си ги заменија местата. Во Б групата, Португалија против која беше досуден пенал во последната минута на дуелот против Иран, ако судијата не се консултираше со ВАР системот и немаше да има погодок, што значи дека Португалија ќе беше прва, а Шпанија ќе завршеше на второто место во групата. 

Во Ц групата, Франција и Данска ќе си ги заменеа позициите. „Галските петли“ ќе имаа два бода помалку, а Данците ќе беа со плус 2 бода на нивното бодовно салдо, доколку не постоеше ВАР технологијата. Во тој случај Хрватска ќе играше против Франција, а Данска против Аргентина.

Промени на табелата ќе имаше и во Ф групата, но тоа немаше да ја спаси Германија. Први ќе завршеа Мексиканците, пред Шведска, која во дуелот против Јужна Кореја дадоа гол од пенал благодарение на помошта на ВАР технологијата. Да не беше оваа технологија, Мексико ќе ја добиеше Швајцарија за противник и ќе се најдеше во полесната половина од костурот. 

Најново во Меѓународен Фудбал