„КРАЛСКИОТ КЛУБ“ ИМА ВАРИЈАНТА Б

Ако Нејмар се врати во Барселона, Реал има пеколен план

Бразилската ѕвезда речиси сигурно ќе си замине од Пари Сен Жермен на крајот од сезоната

објавено: 16 март 2018 - 10:00

Минатото лето направи „бомба“ со рекордниот трансфер од Барселона во Пари Сен Жермен, а сега се зборува дека Нејмар ќе си оди од францускиот тим. Нејмар добива годишна плата од 30 милиони евра, а во ПСЖ дојде за трансфер вреден 222 милиони евра. 

ПСЖ сега бара 400 милиони евра за раскин на договорот на Нејмар. Три екипи се во комбинација што би можеле да ја платат оваа астрономска сума, а тоа се Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Сити. Барселона би го вратил во „старото јато“, Реал го гледа како замена за Кристијано Роналдо, додека „граѓаните“ од Манчестер сметаат дека токму Нејмар е алката која недостасува за да се направи „бум“ во Европа. 

Секако, Барселона е првата опција за Нејмар. Доколку Бразилецот се врати на „Камп Ноу“, Реал подготвува план Б. Наместо да го доведе Бразилецот, „кралскиот клуб“ би сакал да купи тројца играчи. Претседателот на Реал, Флорентино Перез веќе оддамна сака на голот на неговиот тим да го види Давид де Геа од Манчестер и тоа е играч кој сигурно ќе биде во опција за трансфер. 

Реал во Англија би пазарел и уште еден играч, а тоа е Еден Азар од Челзи. Белгискиот репрезентативец е во одлична форма и би требало да биде креаторот на играта, на средината на теренот. Откако би се засилила голманската линија и средниот ред, третиот играч е од нападот, а се работи за Роберт Левандовски од Баерн Минхен. 

Ако успее овој план на Реал, тоа би било фантастично за сите симпатизери на актуелниот европски првак.

Најново во Меѓународен Фудбал