МАЛКУ ЧУДНО НИ ВИСТИНИТО

Ако се втори во свет, Хрватска ни во Топ 10 на ФИФА листата

Најновото рангирање на Светската фудбалска федерација треба да биде на 16 август

објавено: 31 јули 2018 - 17:15

Хрватска е актуелен светски вицепрвак од Мундијалот во Русија, но на најновата ранг листа на ФИФА нема да биде ниту во Топ 10 селекции. Пред почетокот на Светското првенство, „коцкестите“ беа на 20 место на листата, а сега и покрај направениот историски успех и вкалкулираните бодови, Хрватска нема да може да влезе во Топ 10.

Според неслужбените проценки, Хрватска на следното рангирање на ФИФА кое е заказано за 16 август, ќе се најде на 15 позиција во светот, што е малку повеќе од нереално. Пред момците на Златко Далиќ се селекции како Чиле, Перу, Полска, Уругвај, Данска... кои имаа далеку помалку запазена улога на Мундијалот во Русија.  

Најново во Меѓународен Фудбал