УЕФА ОТВОРА НОВ ГОЛЕМ СКАНДАЛ

Албански тим наместил над 50 мечеви!?

Скендербег е клубот кој последниве неколку години доминираше во албанското првенство, но сега е можно да се соочи со драстична казна од УЕФА

објавено: 7 декември 2016 - 21:14

Драстична казна подготвува европската фудбалска куќа (УЕФА) за албанскиот тим Скендербег. Екипата која доминира во домашното првенство во последниве неколку години сезонава беше суспендирана од европските купови, а сега се подготвува многу поголема казна против тимот од Корча. 

Се верува дека има докази за над 50 наместени мечеви во кои учествувал Скендербег. Се работи за два меча во Лигата на шампионите, два од групната фаза во Лигата на Европа, како и над 50 мечеви од домашното првенство на Албанија. 

Од УЕФА засега не откриваат која ќе биде казната за Скендербег, но секако ќе биде многу подрастична од само една дисквалификација од европските купови, како што беше летоска. Сигурно уште многу години нема да го има Скендербег во европските купови на УЕФА. 

Најново во Меѓународен Фудбал