НЕ МУ СЕ ПИШУВА ДОБРО НА НЕКОГАШНИОТ ИГРАЧ НА РЕАЛ МАДРИД

Алонсо нема да се спаси како Меси, Роналдо и останатите и ќе оди во затвор?

Некогашниот шпански репрезентативец се соочува со затворска казна во траење од пет години

објавено: 21 март 2018 - 14:14

Некогашниот шпански репрезентативец Чаби Алонсо се соочува со затворска казна во траење од пет години. Таква казна побара шпанското обвинителство, откако беше потврдено дека Алонсо затаил данок во периодот од 2010 до 2012 година. Се работи за сума од два милиони евра, а доколку биде прогласен за виновен може да добие парична казна од четири милиони евра. 

Алонсо е последниот фудбалер во низата на играчи за кои беше потврдено дека затајувале данок. Од затворски казни се спасија Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Хавиер Маскерано..., а сега останува да се види дали Алонсо ќе успее да се договори. 

Се очекува Алонсо да ја признае вината како што тоа го направија останатите ѕвезди. Сепак, од обвинителството потенцираат дека во затвор лежат луѓе за неплатен данок од 125.000 евра и тоа треба да биде за памет на сите фудбалери, кои се обидоа да ја оштетат Шпанија. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал