ПРЕД ПОЛУФИНАЛНИОТ МЕЧ НА СП

Англичаните оптимисти: Хрватска не е свежа, Ракитиќ и Модриќ како „баби“!

В среда од 20:00 часот ќе се бие битка за пласман во големото финале на Мундијалот помеѓу репрезентациите на Англија и Хрватска.

објавено: 9 јули 2018 - 19:30

Се одржа прес-конференција, а своите очекувања пред натпреварот ги сподели 33-годишниот играч Ешли Јанг кој денеска слави роденден.

„Ова е огромна шанса за Англија, се чувствуваме добро и сме во идеален момент. Противникот не е свеж, како ние. Хрватска не е само Модриќ, имаат други одлични играчи, нашиот план е да бидеме концентрирани на нашата игра и тоа што го посакуваме", вели Јанг.

Оптимист пред дуелот е и англиската легенда Алан Ширер кој во колумната за „Би-Би-Си" истакна:

„Знаеме дека треба да бидеме загрижени од слободните удари и корнери на Хрватска, но не се плашиме. Имаат фантастично технички надарени фудбалери како Лука Модриќ и Иван Ракитиќ, но тие ми изгледаа како „баби" во продолженијата во четвртфиналниот меч против Русија. Сега сите ја знаат Англија и како игра на терените".

Најново во Меѓународен Фудбал