ПО ТРИ ЕЛИМИНАЦИИ НА „ПЕНАЛ-РУЛЕТОТ“

Англија конечно среќна на пенали

Со 4:3 по подобро изведување од белата точка, „Гордиот Албион“ ќе игра против Шведска во четвртфиналето

објавено: 3 јули 2018 - 22:54

Англија е последниот патник во четвртфиналето на Светското првенство во Русија. „Гордиот Албион“ се радуваше на дуелот Колумбија и тоа откако беше подобар дури по изведување на пенали, со 4:3.

Во регуларниот дел „Гордиот Албион" имаше предност со голот на Хари Кејн од пенал во 57 минута. Тоа е шести погодок за најдобриот стрелец на Мундијалот. Колумбија не се предаде до самиот крај. Во судиското надополнување изведоа корнер, а Мина со глава погоди за 1:1 и донесе дополнителни 30 минути, во кои немаше погодоци, па патнокот за во четвртфиналето се решаваше на пенали.

Во четвртфиналето Англија ќе игра против Шведска, која попладнево беше подобра од Швајцарија со 1:0

КОЛУМБИЈА - АНГЛИЈА 1:1 (3:4 на пенали)

                     ПЕНАЛИ

Колумбија                     Англија

1:0 - Фалкао                1:1 - Кејн

2:1 - Квадрадо             2:2 - Рашфорд

3:2 - Муриел                 3:2 - Хендерсон (промаши)

3:2 - Урибе (пречка)     3:3 - Трипие

3:3 - Бака (промаши)   3:4 - Даер

Најново во Меѓународен Фудбал