рутински ја елиминираа Шведска

Англија по трет пат во историјата е во полуфинале

„Гордиот Албион“ засега го повторува успехот од 1966 и 1990 година

објавено: 7 јули 2018 - 17:59

Репрезентацијата на Англија е третиот полуфиналист на Светското првенство во Русија. некогашниот светски првак со 2:0 славеше против Шведска и сега го чека подобриот од вечерниот дуел меѓу Русија и Хрватска.

Во типичен англиски стил беше изборена победата. Мегвајер го даде дебитантскиот погодок со глава по првиот корнер што го изведе Ешли Јанг. И вториот погодок беше со глава, но овојпат Дели Али го матираше голманот на Шведска. 

Во текот на целиот меч Англија ја контролираше играта и не дозволи Шведска да направи уште едно изненадување на Мундијалот. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал