БЕЛГИЈА ПОБЕДИ ВО МЕЧОТ ЗА ТРЕТО МЕСТО

Англија си оди дома, но дури и без бронза

„Црвените ѓаволи“ со 2:0 победија во дуелот кој е претпоследен на Мундијалот во Русија

објавено: 14 јули 2018 - 17:54

Белгија го освои третото место на Светското првенство во Русија, откако во „малото финале“ со 2:0 победи против Англија. Иако навивачите на Англија постојано веруваа дека пехарот ќе се врати во земјата од каде потекнува фудбалот, на крајот „Гордиот Албион“ си заминува дури и без ниту едно одличје, односно како четврта на планетарниот собир.

Уште на стартот на мечот, Муниер со погодок во 4 минута најави дека Белгија ќе се радува на крајот. Победата беше потврдена во 82 минута кога капитенот Еден Азар погоди за 2:0. Белгија на крајот заврши со 16 постигнати погодоци и го потврди епитетот на најефикасна селекција на Мундијалот. 

За Англија ова беше 100 натпревар на големите натпреварувања (69 на СП и 31 на ЕП), но за жал на „гордиот албион“, јубилејот ќе го памтат по тоа што остануваат без медал на Мундијалот во Русија. 

Најново во Меѓународен Фудбал