УШТЕ ВО ПЕТТАТА МИНУТА

АНГЛИЈА ВОДИ: Мајсторија на Трипие од слободен удар (Видео)

„Гордиот Албион" игра за првото финале на Мундијалот од 1966. година, додека „коцкестите" никогаш досега не биле во битка за титулата.

објавено: 11 јули 2018 - 20:46

На стадионот „Лужњики" во Москва вечерва во второто полуфинале после првите 45. минути игра води репрезентацијата на Англија со резултат 1:0.

Уште во петтата минута се затресе мрежата на хрватскиот голман Субашиќ, од слободен удар поведоа избраниците на Саутгејт благодарение на фантастичниот Трипие.

Англичаните можеа многу лесно да ја зголемат позитивата во 36. минута, Џеси Лингард беше целосно сам на 16. метри од голот на Хрватска, се намести, но шутираше покрај голот.

Најново во Меѓународен Фудбал