„ТОПЧИИТЕ“ И СИТИ ПОДГОТВУВААТ СПЕКТАКУЛАРНА РАЗМЕНА

Санчез станува „граѓанин“, Агуеро доаѓа во Арсенал

Шпекулациите велат дека двете големи ѕвезди во англиската Премиерлига, може да ја сменат средината

објавено: 26 јуни 2017 - 14:20

Англиските премиерлигаши Арсенал и Манчестер Сити може да направат размена на две големи ѕвезди. Според пишувањата, на повидок се два трансфера на играчи кои се меѓу најдобрите во Англија. 

Санчез најави дека сака да си замине од Арсенал, а најблиску до неговиот потпис беше германскиот првак Баерн Минхен. Сепак, баварците не се подготвени да ја платат бараната сума за трансфер. Тренерот на „топчиите“, Арсен Венгер е подготвен да го пушти Санчез да си замине, но негова желба е да го доведе Кун Агуеро од Манчестер Сити.

Стратегот на Сити, Пеп Гвардиола не бил презадоволен од Агуеро и би го дал, во замена за Алекси Санчез. Засега останува отворено дали може да се случи ваква размена на главните ѕвезди на Арсенал и Манчестер Сити.  

Најново во Меѓународен Фудбал