БЛЕСНА НА „ВЕМБЛИ“ ВО ЛОНДОН

АГУЕРО ВО „КЛУБ 200“: Аргентинско шоу за титула на Манчестер Сити! (Видео)

Како најава пред почетокот на новата сезона во најквалитетната англиска лига наредниот викенд, денеска на „Вембли" стадионот во Лондон во „Комјунити шилд" се сретнаа најдобрите од лани, победникот во ФА Купот Челзи и шампионот на Премиерлигата, Манчестер Сити.

објавено: 5 август 2018 - 17:59

Избраниците на шпанскиот менаџер Пеп Гвардиола со резултат 2:0 беа подобри од лондонските „сини" благодарение на одличниот Агуеро кој двапати се запиша во листата на стрелците после асистенциитѕе на Фоден (13.) и Силва во 58. мин. од средбата.

Воедно на тој начин Агуеро испиша историја во дресот на „граѓаните", после постигнувањето на првиот погодок на денешниот дуел стигна до јубилеј.

Постигнати 200. голови во дресот на Сити и така стана единствениот играч во историјата на овој клуб со ваков фантастичен учинок.

Ова е петти трофеј за клубот од „Етихад" во ова натпреварување, Челзи останува на четири, а водечки на оваа листа е Манчестер Јунајтед, 21.

Најново во Меѓународен Фудбал