ГЕРМАНЕЦОТ ЗНАЕ ШТО МУ ТРЕБА НА ЛИВЕРПУЛ

Ако добијам отказ нека ме наследи Џерард

Менаџерот на Ливерпул вели дека кога еден ден ќе си замине, би сакал на клупата на „црвените“ да седне легендарниот капитен на клубот од „Енфилд“. 

објавено: 19 мај 2017 - 18:50

Ако некој заслужува да биде нов менаџер на Ливерпул, секако под услов тоа да не биде Јирген Клоп, идеално решение би бил Стивен Џерард. 

Такви идеи се вртат во главата на Германецот, кој во моментов е блиску до реализација на целта - пласман на Ливерпул во Лигата на Шампионите. 

Џерард, кој беше дел од Ливерпул од 1998 до 2015 година, има статус на клупска легенда, без оглед на тоа што на кратко време се пресели во лос Анџелес и го носеше дресот на ЛА Галакси. 

Неговиот престој во САД траеше се до февруари, кога се врати во клубот од „Енфилд“и тоа како тренер во Академијата на ливерпул. Веќе минатиот месец беше поставен и за менаџер на тимот до 18. години. 

Клоп го препорача Џерард за тренерската улога, а сега вели дека токму тој треба да биде и неговиот наследник.

„Каков човек, тој е феноменален. Совршен е момент што можевме да го вклучиме во работата на клубот. Му реков дека кога ќе си одам, или кога ќе ме отпуштат, сакам да биде мој наследник. Же с епогрижам да ги добие сите потребни информации. Кога же му се приклучите на клуб како Ливерпул, имате голема одговорност за иднината. А на овој клуб во иднина му се потребнио легени како Џерард и тоа на клучните позиции“ - рече германецот. 

Најново во Меѓународен Фудбал